ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Портела се врати во Спортинг, Бенфика со ново засилување, АЕК го донесе Малиос

  • Десното крило Педро Портела се врати во составот на Спортинг Лисабон, соопшти официјалниот сајт на клубот. 33-годишниот Портела 11 сезони играше за Спортигн, пред да замине во Франција.
  • Кружниот напаѓач Тијаго Соуза заминува од Адемар Леон и ќе се пресели во друг тим од Асобал лигата, Пуенте Хенил. 22-годишниот Португалец потпиша договор на една сезона, а претходно во татковината играше за Порто и Агуаш Санташ.
  • Данскиот Хорсенс објави за потпишувањето на договорот со левиот бек Мелани Бак. 29-годишната Бак долго време настапуваше надвор од дома. Таа ги носеше дресовите на словенечкиот Крим, францускиот Брест, норвешкиот Молде и романската Крајова.
  • Португалската Бенфика промовираше уште едно засилување пред стартот на новата сезона. Тоа е десното крило од Шведска, Кристофер Хедберг, кој минатата сезона ја мина во норвешкиот Елверум.
  • Капитенот на репрезентацијата на јужниот сосед на Македонија, Харис Малиос, е нов ракометар на АЕК Атина. 35-годишниот плејмејкер доаѓа на местото на Бразилецот Алмеида, а минатата сезона ја мина во францускиот Нанси и Диомидис Аргус.