ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Пелас не мрда од Монпелје, соиграч на Кузмановски оди во Лајпциг, Арнцен продолжи со ЧСМ

  • Францускиот Монпелје објави дека е продолжен договорот со левото крило од Шведска, Лукас Пелас. Швеѓанецот треба да остане во некогашниот европски првак до 2026 година.
  • Францускиот среден бек Ноа Годен, ќе го промени клубот, но останува во Данска. Негова следна дестинација ќе биде Скјерн, со кој потпиша договор на две сезонни. 23-годишниот Годен во моментов игра за Сондерјиске.
  • Шпанскиот Синфин објави дека е потпишан договор со левиот бек на Торелавега, Лео Рено Давид. 35-годишниот Французин своевремено беше понуден на Еурофарм Пелистер, а во меѓувреме играше за романскиот Бакау и шпанската Бидасоа.
  • Според „rthandball“, 28-годишниот голман Доменико Ебнер може да има нов клуб од лето. Соиграчот на Филип Кузмановски, најверојатно ќе се пресели во тимот на Лајпциг, иако има договор до 2024 година со Хановер.
  • Словачката интернационалка Мартина Школкова е бремена и реши ја заврши кариерата. Досегашниот среден бек на Ница, каде што брани Јована Мицевска, пет сезони настапуваше за овој клуб, претходно и за Јувента и Дижон.
  • Левиот бек на Норвешка, Емили Арнцен, останува верна на романскиот првак ЧСМ Букурешт. Арнцен ја продолжи соработката и за следната сезона и ќе ја дели минутажата со Кристина Неагу.