ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Парондо купи среден бек, Ѓер се засили со Дулфер, Рајн Некар го задржа Шпат…

  • Тунискиот среден бек Мохамед Дармул, кој во моментов е член на второлигашот Минден, од следното лето ќе биде ракометар на Мелсунген предводен од Парондо. Дармул потпиша до 2026 година.
  • Шпанскиот тим Синфин Сантандер го ангажираше египетскиот кружен напаѓач Омар Шериф Абделазиз. Тој доаѓа на позајмица од тимот на Ал Ахли, а ова за него е камбек во Синфин, откако и лани мина дел од сезоната во овој клуб.
  • Левиот бек Кели Дулфер, следното лето ќе си замине од германскиот првак Битигхам. Холандската репрезентативка, која со нејзината репрезентација беше светски првак во 2019 година ќе биде ракометарка на Ѓер до 2027 година.
  • Бундеслигашот Рајн Некар Левен, кој го елиминираше Вардар во квалификациите за Лигата на Европа, објави дека е продолжена соработката со младиот германски репрезентативец Давид Шпат до 2027 година.