ТРАНСФЕР МАРКЕТ: „Моторот“ останува во Мотор, Хорак си оди од Кил, Магдебург врза тројца

  • Литванскиот репрезентативец Аиденас Малашинскас ја продолжи соработката со украинскиот првак Мотор Запорожје. Средниот бек и „мотор“ на екипата, веќе четврта сезона настапува во овој клуб.
  • Десниот бек Бранко Вујовиќ потпиша договор со полскиот првак Келце до 2027 година, но следните три сезони ќе ги одработи во бундеслигашот Хановер, каде што ќе му биде соиграч на Филип Кузмановски.
  • 29-годишниот Роман Осташенко го продолжи договорот со рускиот првак Чеховски Медведи до 2025 година. Левото крило настапува за „мечките“ од 2013 година, а сега се реши за нова тригодишна соработка.
  • Дефанзивецот на Кил, Павел Хорак, по две години во редовите на „зебрите“ заминува и ќе има нов предизвик во кариерата. На негово место е ангажиран Норвежанецот Петер Оверби од Ерланген.
  • Бундеслигашот Магдебург во еден ден објави три нови потписи. Средниот бек Марко Безјак го продолжи договорот на уште една сезона, Михаел Дамгард останува до 2024 година, додека Гисли Кристјансон продолжи до 2025 година.
  • Рајн Некар Левен објави за заминувањето на Илија Абутовиќ по четири години соработка, но и за два нови договори. Голманот Никос Кацијанис останува до 2023, додека десниот бек Никлас Киркелоке ќе остане до 2024 година.
  • Десното крило Полин Коатанеа ја продолжи соработката со францускиот Брест Бретањ на уште две сезони. Таа во овој клуб настапува од 2017 година, а новиот договор ја обврзува до 2025 година.