ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Можеше да дојде во Битола – но ќе игра за Баја Маре, екс играч на Вардар се сели во Франција

  • Левиот бек на тимот на Монпелје, Мохамед Суси, се сели во ривалот од францускиот шампионат Трембле со кој потпиша договор на две години.
  • Селекторот на Финска, Ола Линдгрен, не се договори за продолжување на соработката со египетскиот тим Ал Ахли и сега останува само со репрезентативни обврски.
  • Тимот на ЧСМ Букурешт има нов тренер, легендата на романскиот ракомет Елиодор Војка. Покрај него во тимот доаѓаат пикерот Јулијан Јеребие, левото крило Николае Унгуреану и пикерот Раул Кампос.
  • Левиот бек на Спортинг Лисабон, Едмилсон Араухо, кој беше понуден на Еурофарм Пелистер, следната сезона ќе ја мине на позајмица во романскиот Баја Маре.
  • Словенечкиот шампион Крим донесе две засилувања во пресрет на новата сезона. Станува збор за левото крило на Будуќност, Бранка Конатар и пикерот Ана Добриќ од Жалец.
  • Некогашниот член на Вардар Јуниор и Пелистер, десниот бек Ристо Вујачиќ, по заминувањето од словенечката РИКО Рибница ќе има нов предизвик во францускиот тим Истр.
  • Урош Зорман донесе уште едно ново засилување во составот на Тримо Требње, а станува збор за левото крило Лука Флоријанчиќ, кој претходно играше за Крка и Добова.
  • По средниот бек Патрик Лемос, уште еден играч од Олимпијакос се пресели во АЕК Атина. Станува збор за грчкото репрезентативно десно крило Димитрис Цирас, кој се обврза на двегодишна верност.
  • Десниот бек Алексеј Ганчев, кој минатата сезона играше за ЗТР и за Мотор Запорожје, ќе има нова станица во кариерата, а тоа е романската екипа Дунареа Калараши.