ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ловќен ги врати Лакичевиќ и Борозан, Јотиќ оди во Саудиска Арабија, Периќ замина од Ѕвезда

  • Синот на српската легенда Дејан Периќ, Никола Периќ, по една сезона мината во Црвена Ѕвезда си замина од „црвено-белиот“ клуб. Тој потпиша договор со Раднички Крагујевац.
  • Амбициозниот црногорски првак Ловќен ги врати во своите редови екс членот на Струга – десниот бек Вук Лакичевиќ и досегашниот чувар на мрежата на Слобода од Тузла, Филип Борозан.
  • Рускиот вицепрвак Ростов Дон потпиша договор со белоруската репрезентативна голманка Јулија Грацкевич. Таа претходно настапуваше за романската Дева, египетската Смуха и белорускиот Белаз.
  • Поранешниот среден бек на Вардар и Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ, кој сега е член на бундеслигашот Лајпциг, има богата понуда од Саудиска Арабија, пишува хрватскиот „Германијак“.
  • Белорускиот голман Александар Маркелов замина од шпанската Ла Риоха и потпиша договор со израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион. Тој потекнува од Гомел, играше за Динамо Минкс, Нева, Гозтепе, Баја Маре, Кокс…