ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ламбросо оди во Бенфика, ЦСКА има нов голман, Велцар донесе пикер

  • Израелскиот среден бек Јуав Ламбросо, кој лани потпиша за Келце сепак нема да заигра за полскиот првак и се сели во Бенфика. Тој играше за бундеслигашот Ајзенах, потоа три сезони во францускиот Лимож.
  • Поранешниот член на Пролет, Цуро Мујиќ, заминува од Диомидис Аргус и ќе има нов предизвик во кариерата. Србинот со грчки пасош следната сезона ќе ја мине во италијанскиот Капри.
  • Вицепрвакот на јужниот сосед на Македонија, Олимпијакос, ги продолжи договорите со Анхел Монторо и Саво Славуљица, а на добар пат е да го ангажира словенечкиот пикер Миха Кавчич, кој претходно играше за Кројцлинген, Горење и Нексе.
  • Рускиот првак ЦСКА Москва има нов голман. Станува збор за Вадим Богданов, кој има играно за Чеховски Медведи, Зенит, Динамо Минск, а девет сезони мина на голот на полскиот тим Азоти Пулави.
  • По Владимир Врањеш, бундеслигашот Вецлар каде што асистент тренер е Филип Миркуловски, а игра Филип Кузмановски, се засили со нов пивот. Тоа е Данецот Расмус Мејер Ејлерсен, кој има 25 години и доаѓа од Фредериција.
  • По две години во бундеслигашот Фленсбург, шведскиот кружен напаѓач Антон Линдског, кој претходно играше и за Вецлар, ќе има нов предизвик во кариерата. 29-годишниот Линдског се сели во ГОГ Гудме.