ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Корнецки најде клуб, Николиќ се сели во ЧСМ Букурешт, Цирас оди во Олимпијакос…

  • Десното крило на грчката репрезентација, Димитрис Цирас, по три сезони одново се враќа во дресот на Олимпијакос. Тој во меѓувреме играше две сезони за АЕК Атина, а последната ја мина во Дукас.
  • Полскиот репрезентативен голман Матеуш Корнецки по пропаднатиот трансфер во португалскиот Порто, потпиша договор со новиот бундеслигаш Ајзенах на една плус една сезона.
  • Српското десно крило Жељка Николиќ е последното засилување за ЧСМ Букурешт пред стартот на новата сезона. Таа има две титули во ЛШ со Будуќност, а потоа ги бранеше боите на Валчеа, Крајова и Глорија Бистрица во Романија.
  • Португалскиот репрезентативен голман Мануел Гашпар, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата. По настапите за Спортинг и Нант, Гашпар се реши да остане во Франција и ќе ги брани боите на Дижон.
  • Германскиот третолигаш Емсдетен објави дека 35-годишниот Тобијас Рајхман заминува од клубот. Десното крило што освои три титули во ЛШ со Кил и Келце не ја прифатил новата понуда од Емсдетен и ќе бара нова средина.