ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс член на Вардар и Металург замина од Гоч, Силва останува во Екс, Лемго донесе пивот…

  • Поранешниот десен бек на Охрид, Алекса Милошевиќ, во новата сезона ќе биде дел од Дубочица Лесковац. Милошевиќ претходно играше за Црвена Ѕвезда, Нови Пазар и во романскиот шампионат.
  • Бундеслигашот Лемго се засили со украинскиот пивот Алексеј Томашевски, а договорот со 20-годишникот е на една сезона. Тој во Лемго дојде од украинскиот првак Мотор Запорожје, а ланската сезона ја мина во вториот тим на бундеслигашот.
  • Некогашниот десен бек на Вардар, Металург и српската репрезентација, Александар Стојановиќ, замина од тимот на Гоч Врњачка Бања. Стојановиќ покрај во македонските екипи играше во словенечките Копер и Целје, потоа Кадетен Шафхаузен…
  • Своевремено големиот талент на португалскиот ракомет, Диого Силва, ја продолжи соработката со францускиот Екс Ан Прованс и ќе остане во овој клуб и наредната сезона.
  • Босанскиот кружен напаѓач Драган Шољиќ, во наредната сезона ќе остане во Асобал лигата, но го смени клубот. Тој замина од Бенидорм и се пресели во составот на Нава. Претходно играше за Адемар Леон, Зрињски и Извиѓач.
  • Шпанскиот Адемар Леон донесе десно крило пред стартот на новата сезона во Асобал лигата. 20-годишниот Карлос Алварез е нов член на тимот предводен од Даниел Гардо. Претходно играше за Чисне, кој испадна во Втората лига.