ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс вардарецот останува во ЦСКА Москва, АЕК Атина продолжи со уште еден Шпанец

  • Поранешниот ракометар на Вардар, Александер Деревен, и во следната сезона ќе продолжи да настапува за рускиот тим ЦСКА Москва, откако го продолжи договорот на една година.
  • Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице го ангажираше младиот голман на второлигашот Дуго Село, Доминик Кузмановиќ.
  • Женската екипа на ЦСКА Москва, каде што игра Сара Ристовска, нема да ја продолжи соработката со четири ракометарки – десните крила Екатерина Љубјанаја и Ана Богдашева, пикерот Валентина Гончарова и левиот бек Викторија Жилинскаите.
  • Грчкиот шампион АЕК Атина откако го продолжи договорот со Игнасио Плаза Хименез, договори соработка со уште еден Шпанец. Начо Моја, кој игра на средната бековска позиција треба да остане во Атина до 2022 година.
  • Капитенот на Стеауа Букурешт, десниот бек Хаивер Хумет– Шпанец со романски пасош, во следната сезона би требало да настапува за големиот ривал на Стеауа, Динамо Букурешт.
  • Шпанскиот Адемар Леон останува без бразилскиот среден бек Акасио Маркес. Тој ќе игра во катарскиот Ал Араби, каде што тренер е Рафаел Гихоса.