ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Векиќ се сели во Унгарија, Јежиќ потпиша за европскиот првак, Лангаро во Барса до 2025 година

  • Некогашниот десен бек на Вардар, Јосип Векиќ, откако одигра една полусезона во исландскиот Тор Акурејри, се пресели во Унгарија, каде што поптиша до крајот на сезоната со тимот на Комло.
  • Хрватската репрезентативка Катарина Јежиќ откако си замина од турскиот Кастамону, потпиша договор до крајот на сезона со европскиот шампион Вајперс Кристијансанд, каде веќе игра нејзината репрезентативна колешка Ана Дебелиќ.
  • Тимот на Барселона го продолжи договор со бразилскиот лев бек Ханиел Лангаро до 2025 година. Бразилецот е повреден и нема да игра до крајот на оваа сезона, но каталонците со овој потег покажаа дека сметаат на неговите услуги во иднина.
  • Францускиот Шамбери објави дека е продолжена соработката за уште две сезони до 2025 година со четворица играчи. Станува збор Себастијан Скубе, Артур Анкетил, Густаво Родригес и Бенџамин Ришер.
  • Португалскиот Спортинг Лисабон објави за продолжувањето на соработката со кружниот напаѓач од Норвешка, Еспен Вог. 28-годишниот Норвежанец од Драмен во ноември се пресели во Португалија и ја продолжи соработката за следната сезона.
  • Романскиот тим Валчеа објави дека е постигнат договор со германската репрезентативка Јулија Мајдхоф, која во моментов е членка на Битигхајм. Таа се обврза на двегодишна верност со романскиот тим.