ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Арињо „доживотно“ во Барселона, Миркуловски доби балканско друштво во Вецлар

  • Левото крило и еден од најдобрите стрелци во тимот на Барселона, Аитор Арињо, потпиша нов договор со каталонскиот гигант, со кој се обврзува да остане до 2025 година.
  • Романскиот десен бек Патриција Визитиу, која беше поврзувана со трансфер во руската ЦСКА Москва, сепак ќе остане во татковината откако потпиша договор со тимот на Галаци.
  • Досегашниот десен бек на Нексе Нашице, Иван Сршен, потпиша договор на две сезони со бундеслигашот Вецлар и ќе биде четвртиот балкански играч покрај нашиот Филип Миркуловски, Тибор Иванишевиќ и Стефан Чавор.
  • Новакот во Асобал лига, Виља де Аранда, се засили со двајца српски интернационалци за следната сезона, десното крило од Нови Пазар – Павле Бандука и левиот бек на Спартак Суботица, Жељко Шукиќ.
  • Хрватската репрезентативка Валентина Блажевиќ, која настапува на позицијата среден бек, направи трансфер од полскиот Лублин во романската Магура Чиснадие и и стана колешка на Елена Ѓорѓиевска.
  • Спортинг Лисабон врати од позајмица двајца млади ракометари. Станува збор за левиот бек Салвадор Салвадор и средниот бек Жоел Рибеиро, кои досега настапуваа за Боа Ора.