ТРАНСФЕР БОМБА – Шмид се враќа во татковината, ќе игра со двајца екс вардарци

Легендарниот швајцарски репрезентативец Енди Шмид, на крајот на оваа сезона ќе си замине од Рајн Некар Левен.

Тој се враќа во татковината од следното лето и ќе игра за тимот на Криенс Луцерн, со кој се договори за соработка на две години.

Шмид стана легенда на „лавовите“, таму игра(ше) 12 години, а беше прогласен пет пати за најдобар играч во Бундес лигата.

Плејмејкерот потекннува од Грасхоперс, играше за Амичитија Цирих, а една сезона мина и во данскиот Силкеборг пред трансферот во Германија.

Во Криенс Луцерн играат двајцата поранешни играчи на Вардар, Домен Сикошек Пелко и Јосип Векиќ.