Традицијата продолжува – Металург по седми пат организира „Новогодишен турнир“

Следниот викенд, на 28 декември, салата „Автокоманда“ во Скопје ќе биде собиралиште за најмладите членови на Ракометната академија Металург, кои ќе бидат дел од седмиот по ред традиционален „Новогодишен турнир“.

Дел од ова издание на турнирот ќе бидат дечињата од школите на Металург од Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци и од Кичево.

На турнирот пријавени се 21 екипи во три категории (2006/07, 2008/09 и 2010 и помали), кои ќе одиграат 20 натпревари. Поради бројноста и неможноста да се игра по групи, турнирот ќе има елиминациски карактер.