Трагедија во Грција: Ракометар го загуби животот во сообраќајна несреќа!

Ракометарот на грчкиот тим Аеропос Едеса, Тасос Мавропулос, го загубил животот утринава во сообраќајна несреќа.

22-годишниот ракометар, околу 6:00 часот утрово, возејќи на патот од Едеса до Солун,загубил контрола на својот автомобил и удрил во карпа.

Иако Противпожарна бригада стигнала брзо на местото на настанот и Мавропулос бил пренесен во болница, сепак за кратко време им подлегнал на повредите.