Тоше Ончев уште една сезона во Корфу

Поранешниот член на Вардар, кој во моментов се наптреварува во шампионатот на Грција, Тоше Ончев ќе остане и во новата сезона дел од тимот на Фаикас Корфу.

Тој го обнови договорот, па и официјално останува член на екипата.

„Среќен сум што останав дел од оваа екипа и во следната сезона. Би сакал да му се заблагодарам на претседатетлот на клубот Перулис и тренерот Оригано за довербата која што ја имаат во мене. Со нетрпение ги чекам новите натпревари пред нашите фанови за да можеме сите повторно да се собереме и да ги посстигнеме нашите цели“, вели Ончев.

После натпреварите за Вардар, Ончев се пресели во Франција, а оттаму замина за Грција.