Тоскиќ: Мило ми е за сите во Вардар, мило ми е за Раул…

Поранешниот српски репрезентативец Алем Тоскиќ, кој сега е дел од унгарскиот Чурго, беше дел од првата генерација на ракометари што дојдоа во Вардар кога клубот го презема Сергеј Самсоненко.

По сезоната кога Тоскиќ си замина поради семејни причини во Словенија, Вардар под водство на Раул ја освои првата европска титула.

„Ако си го вратиш филмот, сигурно дека постои жал за тимот, но којзнае зошто е тоа добро. Сите знаеме, ракомет, кариера, но постои и друга страна на медалот. Освоија момците две титули, но беа во многу тешка ситуација. Некои дадоа се од себе за Вардар, а си заминаа од клубот со наведнати глави. Се што се случуваше таму, навистина ми е жал…Три сезони бевме на еден до два гола од учество на Ф4 во Келн, а потоа се се поклопи по моето заминување. Мило им е за сите во Вардар, дури 90% од тие играчи настапуваа и со мене, но мило ми е и поради Раул кој направи резултат. Сите се сомневаа во него, но покажа што може“, истакна Тоскиќ во интервју за „Балкан Хендбол“.

Кружниот напаѓач со низа комплименти зборува за шпанскиот стратег Раул Гонзалес, со кој соработуваше во Вардар.

„Кога зборувам сонего, се ежам. Раул е број 1 во мојата кариера. Тој е генијалец, вистински показател дека авторитетот се создава на теренот. Кога дојде во Скопје, тоа беше многу „зезната“ средина за работа. Мораше играчите да се насочат во вистински правец, но малку по малку тој успеа да го стори тоа. Ја освои титулата во ЛШ и сите ракометари напредуваа како играчи под негово водство. Прво се учи шпански јазик, па потоа англиски во светот на ракометот“, вели Тоскиќ.