Топот во левицата на „најсилно“ – Лазаров се одјави од Келн со проектил од 11 метри (ВИДЕО)

Многу веројатно, Кире Лазаров го одигра својот последен завршен турнир во богатата кариера.

Нант заврши на третото место во Франција и нема да добие шанса да игра во ЛШ следната сезона.

Францускиот тим запиша два порази на Ф4 во Келн, од Барселона и од ПСЖ, а Лазаров даде три гола на двете средби, за вкупно 68 досега на сите завршни турнири.

Последниот против ПСЖ е вистинско ремек дело од 11 метри и 101 км/час. Погледнете го погодокот на Лазаров, кој многу веројатно е неговиот последен во Келн…