Томовски со полн плен од Балинген, Кузмановски и Хановер само до бод

Македонските претставници во Бундес лигата, Филип Кузмановски и Мартин Томовски со своите екипи ги одиграа натпреварите од 5. коло во домашното првенство. Хановер и Кузмановски беа домаќини на Бергишер и одиграа многу тежок натпревар. После голема борба натпреварот заврши нерешено 30:30, а Филип Кузмановски постигна два гола на натпреварот.

Хановер добро започна, но продолжението на првото полувреме им припадна на гостите. Во финишот на првиот дел Бергишер имаше пет гола предност, а на полувреме беше 13:17. Во вториот дел и двете екипи имаа добри минути се менуваа во водство, на крајот сепак ги поделија бодовите.

Лудвигсхафен и Томовски гостуваа кај Балинген и одиграа максимално израмнет натпревар. После голема борба Лудвигсхафен славеше победа 27:26.  Томовски усепа да одбрани три удари на противничките ракометари.

Во првиот дел екипите го менуваа водството но ниту еден тим не успеа да стигне до повисока предност. По првиот дел Балинген имаше предност 14:13. Домаќините го диктираа резултатот во поголемиот дел од продолжението, но дозволија на крајот да бидат поразени.