Томислав Кушан има нов клуб, потпиша за француски Лимож

Поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан од наредната сезона ќе настапува во францускиот шампионат и ќе го носи дресот на амбициозната екипа на Лимож.

Повремениот репрезентативец на Хрватска со раководството на францускиот суперлигаш потпиша договор на две сезони откако реши на крајот од оваа сезона да го напушти бундеслигашот Вецлар.

Искусниот пикер во француската екипа е вториот нов ракометар за новата сезона. Покрај Кушан, од наредната сезона во Лимож ќе настапува и голманот од ПСЖ, Јан Жанти. Клубот ќе добие нов тренер од ова лето, односно ќе биде предводен од Алберто Ентрериос, кој моментално ја извршува тренерската функција во Нант.

Кушан во редовите на Еурофарм Пелистер пристигна во текот на 2020 година и одигра само една ипол сезона во битолскиот тим, иако имаше потпишано договор на две сезони. Во својата кариера беше дел и од екипите на Пореч, Медвешчак и Ла Риоха.