Толку ли се слаби или кријат адути? Украинците загубија и од Тунис!

Првиот противник на Македонија на претстојното Европско првенство ќе биде селекцијата на Украина.

Избраниците  на Сергеј Бебешко по поразите од домаќинот на турнирот, Швајцарија, вчера загубија и од Холандија, а денеска беа поразени од селекцијата на Тунис со 32-34.

Најефикасни во составот на Украина беа Андриј Акименко со осум голови, Станислав Жуков со пет и Евгениј Илченко со четири погодоци.