Тодор Узунчев броеше до 12, Шампион со девет играчи немаше сили за изненадување во Гевгелија

Ракометарите на Партизан од Гевгелија ја остварија својата трета победа во рамки на групата Б од Првата лига откако во 7. коло на домашен терен беа подобри од Шампион со 30:22.

Гостите добро се држеа во текот на провто полувреме, после одличниот старт и водство од 0:3 за Шампион, домаќините успеаја да се вратат и за првпат да поведат со 6:5. До крај на полувремето се играше израмнето, а во завршните две минути Партизан обезбеди предност од 16:14 на полувреме.

На почетокот на второто полувреме со серија од 4:0 Партизан направи одлично водство од шест гола кое беше недостижно за Шампион кој на натпреварот настапи со девет ракометари и немаше сили за изненадување.

Во екипата на Партизан сите голови ги постигнаа пет ракометари, а најефикасен беше Тодор Узунчев со 12 погодоци, додека Горан Лисичков постигна шест гола. Во тимот на Шампион со девет погодоци најефикасен беше Кристијан Тодоровски.