“Тоа што Стоилов е ЗА Алушовски, не значи дека е ПРОТИВ мене”

Капитенот Стојанче Стоилов неодамна најави дека ако Стевче Алушовски замине од Вардар, македонскиот тим ќе се врати десетина години наназад.

Сите ја сфатија таа изјава дека Вујовиќ нема да биде добредојден во Скопје, но стратегот вели дека не е така.

„Со Стоилов имам одличен однос уште од самиот старт на неговата кариера. Тоа што тој е за Алушовски не значи дека е против мене. Тоа е како за партија ако сум за една не значи дека сум против другата. Столе е капитен на овој тим и јас многу го почитувам. Така да пак ќе кажам ако е за Алушовски не значи дека е против мене“, истакна Вујовиќ.>