Титулата со Вардар му донесе титула и најдобар ракометар во Србија

Во Србија традиционално ракометната федерација заедно со спортскиот дневен весник „Спортски журнал“ ги избра најдобрите играчи, тенери и судии за изминатата година.

Поранешниот голман на Вардар кој беше еден од најзалужните за втората титула европски шампион, Дејан Милосављев е прогласен за најдобар ракометар за 2019 година. Признаението во женска конкуренција го доби пикерката на француски Брест, Слаѓана Поп Лазиќ.

Горан Ковач и Срѓан Милосављевиќ добија признание за најдобра судиска двојка во изминатата година. Посебно награда им беше доделена на судискиот пар Антиќ-Јаковљевиќ за успешно завршената работа на женското Светско првенство во Кумамото, Јапонија.

За најдобар тренер во Србија беше прогласен Драган Марков, а сепцијално признание доби Љубомир Обрадовиќ.