Тимот на Лазаров до ЕХФ: Не сакаме да играме против Чеховски Медведи!

Раководството на тимот на Кире Лазаров, Нант испрати барање од ЕХФ за одложување на натпреварот против Чеховски Медведи од Европска лига, пренесува официјалниот сајт на клубот.

Претседателот на Нант, Гаел Палетие изјави дека неговиот клуб нема намера да игра против Чеховски Медведи додека Русија ја извршува воената операција во Украина.

Натпреварот помеѓу двете екипи е закажан за на 1 март. Засега нема одговор од ЕХФ дали барањето на Французите ќе биде прифатено.

Овој натпревар нема значење за борбата за елиминации, бидејќи Нант веќе ја обезбеди, додека рускиот шампион нема шанси за следната фаза.