Тиквеш ја доби драмата во Кавадарци, Струга го победи Еурофарм Пелистер 2 со десет разлика

Изминатиот викенд се одиграа натпреврите од второто коло во младинските лиги во машка и женска конкуренција.

Во групата А во интересен натпревар ремизираа Вардар и Пролет, додека Алкалоид без особени проблеми го доби Скопје. Бутел и Јуниор КВ стигнаа до вторите триумфи во групата Б, а висок триумф забележаа стружани против Еурофарм Пелистер 2, додека првиот тим на битолчани се намачи за победа кај Енхалон во групата В.

Драматичен натпревар се одигра во Кавадарци, каде домаќинот Тиквеш со два гола во последната минута го совлада Радовиш. Во вториот дуел од групата Г, прилепчани неочекувано високо славеше над Младост Богданци.

Кај дамите, Чаир, Вардар и Металург забележаа убедливи победи против гостинските тимови, а останува да се одигра уште дуелот меѓу Кузман Вардар и Овче Поле СУ.

Младинци, 2 коло, резултати:

Група А
Алкалоид – Скопје 26-20
Вардар – Пролет 24-24

Група Б
Металург – Бутел Скопје 23-34
Голден Арт – Борец 25-32
Јуниор КВ – Металург РА 34-31

Група В
Струга – Еурофарм Пелистер 2 33-23
Енхалон – Еурофарм Пелистер 31-32
Охрид слободен

Група Г
Младост Богданци – Прилеп 23-30
Тиквеш – Радовиш 27-25
Партизан Гевгелија слободен

Младинки, 2 коло, резултати:

Група А
Чаир – Струма 42-24
Вардар – Спартак 46-28

Група Б
Кузман Вардар – Овче Поле СУ 19-40
Металург – Куманово 39-18