Тиквеш се комплетира на 2 август, странците доаѓаат следната седмица

Повратникот во Суперлигата, Тиквеш од Кавадарци, следната седмица ќе ги започне подготовките за првата сезона по камбекот во елитното друштво.

Во новата сезона кавадарчани ќе имаат тројца странци во ростерот. Станува збор за средниот бек Душан Медиќ и десниот бек Вања Смиљаниќ, како и десното крило Андреј Хапал.

Српските интернационалци Медиќ и Смиљаниќ ќе допатуваат во Кавадарци на 28 јули, додека Хапал ќе пристигне од Белорусија на 2 август.

Кавадарчани покрај тројцата странци се засилија и со искусниот кружен напаѓач Пеце Ѓорѓиоски, а ги задржаа и поголем дел од играчите од минатата сезона, па имаат ростер за респект.