Тиквеш се екипира – нови договори потпишаа Јанчев и Гошевски

Тимот на Тиквеш од Кавадарци активно работи на составувањето на играчкиот мозаик за првата сезона во Суперлигата по камбекот.

Откако беше продолжен договорот со тренерот Томе Петрески, кавадарчани ги продолжија договорите со уште двајца играчи на една година.

Станува збор за искусниот среден бек Јане Јанчев, кој се врати во Кавадарци лани по настапите во Финска и беше лидер на тимот, како и за десниот бек Дејан Гошевски кој на полусезоната дојде од Охрид.

Во тимот остануваат и Димитар Коцев, Илија Грозданов, Марјан Велков, Орданчо Лазов, Ристе Окардов, Александар Мицев и Костадин Петров.

Кавадарчани досега ангажираа две засилувања – пивотменот Пеце Ѓорѓиоски и десниот бек Вања Смиљаниќ.