Тиквеш има нов десен бек, в понеделник потпишува со Стефан Трпчевски

Поранешен ракометар на Вардар јуниор, Охрид и Струга, Стефан Трпчевски после настапите за тимот на БК-46 во Финска се враќа во Македонија и веќе е дел од тимот на Тиквеш за кој синоќа играше на турнирот во Струга.

Трпчевски е десен бек кој зад себе има солидно искуство со настапи во Супер машката лига, а и вчера покажа дека можеда биде добро засилување за тимот од Кавадарци така што Магдинчев добива уште еден играч со кој го зголемува ростерот и комбинациите и за нападот и за одбраната.

Ракометарот ќе има можност да одигра уште две средби од кои едната ќе биде утре против Еурофарм Пелистер, а другата в недела за пласман.

Се очекува в понеделник да го стави потписот на договорот со тимот на Тиквеш и да го засили овој клуб така што Тиквеш дефинитивно станува тим кој ќе биде доста конкурентен за висок пласман во Супер машката лига.

Досега во својата кариера Трпчевски играше и за израелскиот Хапоел Кирјат и грчкиот Фаикас Корфу.