Тиквеш го задржа Темелкоски, Лазов ќе игра уште една сезона

Тимот на Тиквеш од Кавадарци продолжува со склопувањето на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.

Откако беа продолжени договорите со Кондев, Коцев, Симиќ и Милков, на ред дојдоа Евгениј Темелкоски и Орданчо Лазов.

Двете десни крила ќе останат најмалку уште една сезона во кавадаречкиот тим и ќе се обидат да му помогнат на тимот во остварувањето на абмициите.

Тиквеш е во групата Б од Суперлигата и ќе игра со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Скопје, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.