Тиквеш го задржа и пикерот Стефановиќ

Тимот на Тиквеш, кој во следната сезона освен на домашна сцена ќе игра и во Европа, успеа во своите редови да задржи уште еден важен играч.

Кружниот напаѓач од Србија, Никола Стефановиќ и во следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе го носи дресот на тимот од Кавадарци.

Стефановиќ во Тиквеш пристигна пред две сезони од редовите на шведскиот суперлигаш Луги.

Тиквеш претходни ги продолжи договорите со средниот бек и капитен Страхиња Симиќ, левото крило Димитар Коцев и десното крило Евгениј Темелкоски.

Од клубот си заминаа Лазар Петровиќ, Арнад Хамзиќ и Јагош Брауновиќ, додека нов играч ќе биде црногорскиот интернационалец Мирко Мајиќ од Бутел Скопје.

Ривалот во Европскиот Куп, Тиквеш ќе го дознае на средината на јули, а според рејтингот на Македонија, кавадарчани би требало да бидат носители на првата ждрепка.

Кавадарчани ги задржаа крилата: Темелкоски и Коцев уште две сезони во Тиквеш