„Тешко е да се најде замена за Скубе и Кристопанс, но некои позиции во тимот значително ги засиливме“

Вардар во новата сезона ќе има изменет ростер, иако останаа дел од носителите на играта од минатите години.

Заминаа средниот бек Сташ Скубе и Даинис Кристопанс, кои ќе треба да бидат надополнети со Гаџа и Јотиќ, односно Векиќ и Вујин.

Тимур Дибиров смета дека одбраната ќе биде посилна со новите ракометари.

„Тешко е да се најде замена за Скубе и Кристопанс. Но доаѓа пикерот Валчак, кој игра и во напад и во одбрана. На лев бек покрај Дисингер ќе игра и Талески, а двајцата освен напад играат и одбрана. Во современиот ракомет, тоа е многу важно. Имаме двајца голмани – Ристовски и младиот Французин Кантегрел, со одлично резиме и препораки. Имаме позиции што значително се засилени“, вели Дибиров за рускиот „Брз Центар“.