Темелков продолжува со гол формата, но Каерјенг го загуби дербито

На средбата против Диферданж, тимот на Каерјенг претрпе минимален пораз од 30:31 на домашен терен така што Владимир Темелков и колегите не успеаја да дојдат до нови бодови.

Каерјенг беше во предност после 30 минути игра и имаше 19:16. Ова беше средба со најава за нова победа, но во вториот дел гостите направија пресврт и стигнаа до победа.

На оваа средба, Темелков уште еднаш имаше свое одлично издание. Со седум гола беше најефикасниот во редовите на Каерјенг. Уште еднаш само потврди дека и понатаму може да игра на врвно ниво.

Единствен кој имаше повеќе голови од него беше Дамир Батиновиќ од Диферданж. Интернационалецот од Хрватска, кој пред десет години играше и за Металург заврши со десет погодоци.