Темелков не мисли на пензија, активен и во петтата деценија

Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков не планира да ја заврши богатата ракометна кариера.

Одличното десно крило е член на Керјенг, но иако е во петтата деценија од животот се уште е меѓу главните стрелци во Луксембург.

На последниот лигашки натпревар, на кој Керјенг ремизираше со Берхем, 31-31, иако губеше со шест разлика, Темелков постигна три погодоци.

Велешанецот пред настапите во Луксембург, играше за Борец и Пелистер, како и во многу германски клубови – Ортенау, Вилштат, Балинген и Фулинген.