Текстилец со пресврт ги освои бодовите против Делчево

Ракометарите на Текстилец ја совладаа екипата на Делчево со 34:29 во 7. коло од плеј-аутот во Првата лига откако во вториот дел направија пресврт и од минус пет стигнаа до нова победа.

Почетните минути беа израмнети до резултат 5:5 кога Делчево со серија од четири гола го имаше првото поголемо водство. Текстилец успеа на кратко да се врати, намали на 10:11 но со нова серија гостите стигнаа до највисокото водство од пет гола.

На полувреме готинскиот тим имаше предност 11:15. И во продолжението Делчево долго ја чуваше позитивата, сепак Текстилец успеа да израмни на 21:21 кон средината на вториот дел. До крај на натпреварот домашниот тим направи целосен пресврт и дури стигна и до сигурна победа.

Најефикасни во победничкиот тим беа Стојанче Ристов со 11 погодоци и Васе Петров со осум гола. Во тимот на Делчево со шест гола прв стрлелец беше Мирче Ѓорѓиев, а по пет гола постигнаа Стоиловски, Колароски и Дамјанов.