Тежок пораз за кадетите: Грција ја победи Македонија со 11 голови разлика!

Машката кадетска репрезентација на Македонија го продолжи настапот на Медитеранските игри со разигрување за пласман од 9 до 14 место.

Прв предизвик за кадетите беше домаќинот, селекцијата на Грција од која загубија со високи 25-14 (5-5, 11-5, 9-4).

Избраниците на Никола Матлиески беа рамноправни во првиот период, од кој извлекоа половина бод, но во другите два комплетно доминираа нашите јужни соседи.

По овој дуел, останува утре средбата со Саудиска Арабија од 13:00 часот, додека задутре е последниот натпревар против Кувајт од 08:00 часот.