Тежок пат до ЕП – Македонија ќе се бори со светскиот првак Данска, Швајцарија и Финска!

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка.

Избраниците на Данило Брестовац се најдоа во тешката група 7, а трите пречки за нив се светскиот шампион Данска, незгодната селекција на Швајцарија и Финска.

Првата и второпласираната екипа одат директно на ЕП 2022, а четири од осум третопласирани исто така обезбедуваат место на континенталниот собир. Во табелата на третопласираните ќе им се сметаат само резултатите од дуелите со првите две екипи.

Првиот натпревар сениорите ќе го одиграат на домашен терен против Финска, на 4 или 5 ноември, додека во второто коло ќе гостуваат кај Швајцарија на 7 или 8 ноември.