Татран Прешов стана јужноамерикански тим!

Словачкиот шампион Татран Прешов полека станува јужноамериканска колонија, откако беше постигнат договор со десниот бек на Борац Бања Лука, Гиљерме Линареш.

21-годишниот ракометар, кој минатата сезона играше во босанскиот шампионат, потпиша договор на две сезони со Татран, со можност да биде продолжен ако двете страни се задоволни од соработката.

Претходно за Татран потпишаа уште двајца бразилски ракометари – средниот бек Педро Пачеко и голманот Маркос Колодети.

Татран е активен на трансфер пазарот и донесе уште двајца туниски ракометари и едно лево крило од Куба.