Татран Прешов останува без Анур Бен Абдалах

Репрезентативецот на Тунис, Анур Бен Абдалах нема до крај да го одработи својот договор со екипата на Татран Прешов и во сезоната која започна ќе настапува за Ал Салмија од Кувајт.

Младиот ракометар кој во текот на претходната сезона пристигна во словачкиот шампионат, одигра само три месеци во дресот на Татран Прешов, од октомври, па се до декември, 2020 година.

Потоа, со својата репрезентација настапи на Светското првенство во Египет, а поради проблем со визата не успеа да се врати во Словачка. Дополнителен проблем беше и лошата епидемиолошка ситуација на африканскиот континент.

Поради тоа, Татран Прешов и Анур Бен Абдалах спогодбено го раскинаа договорот, кој беше со важност од две години. За репрезентативецот на Тунис заинтересирани беа голем број на екипи од Азија, а тој одлучи својата кариера да ја гради во екипата на Ал Салмија.