Тасевска и Николиќ на ниво, Паок со победа против Драма

Екипата на ПАОК во која настапуваат двете ракометарки од Македонија, Марија Тасевска и Марија Николиќ, во натпревар од 6. коло во шампионатот на Грција славеше на гостински терен против Драма со убедливи 42:21.

Во ниту еден момент победата на ПАОК не беше загрозена. Јасно беше дека бодовите ќе заминат за гостинките од Солун по високите 22:10 на полувреме. Вториот дел беше само рутинска контрола врз играта од страна на ПАОК.

Солиден натпревар на теренот одигра Марија Тасевска, која беше меѓу најефикасните ракометарки со три постигнати гола. Марија Николиќ во листата на стрелци се запиша еднаш и одигра на висина на задачата во одбраната.

ПАОК се наоѓа на втората позиција на табелата, има 12 освоени бодови, колку што има и првопласираната екипа, Јонијас, која сè уште го држи лидерското место поради подобрата гол разлика против другите противници.