Тарабокија: Во Лига Европа можеме против сите

Веќе следната недела Металург го очекува првиот меч во групата фаза од новоформираната Лига Европа, а средниот бек на тимот Марко Тарабокија смета дека групата е по мерка за тимот од Автокоманда.

„Мораме да целиме високо, без разлика кој е на спротивната страна мора да се оди на победа. Мора да се мисли дека може секој да се победи, само со таков став ќе растеме како екипа и ќе бидеме подобри. Групата ни е одлична, може да играме со сите. Од мојот поранешен клуб Висла Плоцк, преку Тулуз, па со Адемар Леон на Маноло Кадењас, кој исто така ми беше тренер во Висла. Врвен стручњак, но ќе се подготвиме добро за сите. Мило ми е што се падна Висла, веднаш добив и повици од тројца-четворица Полјаци, кои беа среќни затоа што ќе имаме шанса да се видиме повторно и да измериме и сили. Пријателствата се тие вредности што остануваат во секоја земја каде што играш и од една страна мило ми е што ќе се видиме, а од друга и што ќе се надигруваме, секако се надевам, со позитивен исход за нас. (се смее)“

Разговорот со Тарабокија за 24ракомет може да го прочитате подолу…

ИНТЕРВЈУ МАРКО ТАРАБОКИЈА: Страста за ракометот во Македонија ги „влече“  хрватските играчи и тренери