Талески: Нема поубав старт од победа и два бода на едно ЕП

Играчот на натпреварот според ЕХФ, Филип Талески после средбата имаше кратко видување на она што беше сработено денеска.

„Не може да биде поубаво код тоа кога се стартува со победа на големо натпреварување. Цели 50 минути го дрежевме натпреварот в раце и на крајот моравме во последните секунди да решаваме. Нашиот најдобар и најискусен играч презеде одговорност и ја обезбеди победата. Мораме да ја поправиме играта и во иднина да играме без вакви падови и не смее да ни се повторуваат грешките од денеска против Чешка и Украина“, рече Талески.