Талевски се врати во Македонија, потпиша за Еурофарм Пелистер 2

Ракометарот кој минатата сезона ја мина во редовите на Слобода од Тузла, Јован Талевски во новата сезона се враќа дома и кариерата ја продолжува меѓу битолчани. Тој се договори за игра во вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Организаторо се приклучува на тренинзите на Еурофарм Пелистер 2 така што тимот на Александар Јовиќ добива и на искуство.

Талевски потекнува од школата на Вардар, а играше и за Вардар Јуниор и Прилеп во Македонија, а беше член и на турскиот Јозгат Бозокспор. Минатото лето пред заминувањето за БиХ беше пред договор со Струга, но во последен момент плановите се сменија.

Со ова тој се враќа во домашното првенство, па Еурофарм Пелистер 2 добива играч кој сигурно ќе донесе плус во играта.