Тактиката подготвена, може ли Македонија до нова сензација? (ФОТО)

Maшката репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи вторпат за три дена со светскиот шампион Данска.

За разлика од мечот во Скопје, сега во ростерот нема да бидат најискусните Лазаров, Миркуловски и Стоилов.

На нивно место ќе добијат шанса Мартин Серафимов, Михаил Аларов и Емилијан Ѓорговски, додека Лазаров и Миркуловски ќе седат на клупата како дел од стручниот штаб.

Миркуловски на социјалните мрежи објави фотографија како стручниот штаб со Јоновски, Црвенкоска и Ангеловски се подготвува за денешниот меч од 16:00 часот во „Гигантиум Арена“ во Алборг.