„Такви притисоци како во Шиофок никаде не сум доживеала“

Откако минатата сезона Шиофок имаше одлична сезона и беше на чекор до пласман во Лигата на шампиони, но федерацијата одлучи поинаку и им го одзема тоа како нешто да се случи во тимот и сè тргна наопаку.

Шиофок претрпе неколку неочекувани порази сезонава и тоа беше причина прво тренерот Бент Дал да си замине од тимот, а потоа уште неколку ракометарки да си заминат во други клубови.

Данската интернационалка која настапува во унгарскиот тим Симоне Бем за данската телевизија ТВ2 зборуваше за искуството што го има во Шиофок и атмосферата ја спореди со екипите од Данска.

„Морам да кажам дека бев под таков притисок, психички и физички, кој никогаш порано не сум го доживеала. Таму се работи на типичен начин за Источна Европа, провоцираат и ве присилувааат на одредени работи, особено така се однесуваат со оние од кои сакаат да се ослбодат. Така можат да го раскинат договорот. За Данците ова е тешко да се разбере, се прашував како ќе излезам од оваа ситуација“, рече Бем за ТВ2.

Десното крило пристигна во Шиофок во 2018 година, а договорот и е со траење до 2022 година. И покрај тоа Бем скаше да го раскине договорот, но не сакаше да споделува детали за јавноста зошто не дојде до тоа.

Поради финансиската криза во тимот и незадоволството, од Шиофок си заминаа шпанската репрезентативка Нереа Пена, потоа Холанѓанките Даник Снелдер и Лаура Ван Ден Хејден, како и германската голманка Дина Екерле.