Тажна вест од Ресен: Претседателот на Преспа ја загуби битката со коронавирусот!

Претседателот на тимот на Преспа Ресен, Илче Котевски, вечерва ја загуби битката со коронавирусот.

Тој беше помеѓу првите регистрирани случаи на Ковид-19 во општината, пред две седмици.

Неговите сограѓани, колеги, спортисти и пријатели се простуваат на социјалните мрежи, во неверување, но младиот човек кој го посветил животот на спортот, сепак не се избори со болеста.