Супер машка лига: Пролет денеска може да го завери плеј-офот

Екипата на Пролет денеска гостува во Радовиш и на овој натпревар може да дојде до потврда на местото во плеј-офот со оглед на тоа што се очекува да влезе во овој дуел како фаворит и да се избори за триумф.

Радовишани во пролетниот дел од сезоната влагаат со амбиции за опстанок, па денеска ќе имаат тешка задача против Пролет. Сепак, за очекување е денеска да биде видена интересна средба. Со победа на гостите веќе се решава сè и последните три кола ќе бидат само формалност односно ќе биде само доигрување на регуларниот дел.

Денеска се играат три натпревари, а еден е предвиден за утре, додека пресметката меѓу второ и тропласираниот состав на табелата останува за в среда.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 15. КОЛО

САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ

14:30ч

СТРУГА – МЕТАЛУРГ

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

18:00ч

РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 62

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

18:30ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

НЕДЕЛА, 1 МАРТ

12:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ 2

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје (мала сала). Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

СРЕДА, 4 МАРТ

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 2013

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 38 бода (486:350); 2. Охрид 37 (404:313); 3. Бутел Скопје 31 (379:340); 4. Пролет 29 (440:371); 5. Радовиш 22 (412:408); 6. Вардар јуниор 18 (385:417); 7. Пелистер 14 (358:379); 8. Металург II 7 (397:473); 8. Работнички 4 (399:504); 10. Струга 4 (323:428).