Супер машка лига: Металург го пречекува Пролет, гостите сезонава веќе земаа бод против металурзите

Екипата на Пролет денеска гостува во Автокоманда од 19 часот, а ќе се соочи со Металург, ривалот против кој веќе беше освоен бод уште на стартот од сезоната. Ова ќе биде натпревар на кој секако тимот на Пролет нема што да загуби и може да нападне од стартот со сите сили и да се обиде да се надигрување.

Ракометарите на Металург, пак, се пред нов предизвик, а немаат право на кикс бидејќи мораат со победа да се вратат на врвот каде што привремено се наоѓа Охрид кој има натпревар повеќе.

Во секој случај денешната средба ќе донесе убав ракомет во кој и од едниот и од другиот тим ќе има што да се види на теренот бидејќи и на првиот дуел покажаа дека имаат што да покажат. Сепак, сега во „Автокоманда“ ќе биде сосема друга приказна и Металург сигурно ќе излезе на терен како фаворит.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР  28:20 (ИЗВЕШТАЈ)

Божиновски 12, Печенковски 4, Милошевски 3 – С. Крстевски 4, Дука 4, Атанасовски 3

МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ 36:34 (ИЗВЕШТАЈ)

Стојановиќ 10, Стоилевски 6, Додиќ 5 – Палевски 17, Темелкоски 6, Михајловиќ 3

СТРУГА – РАДОВИШ      23:29 (ИЗВЕШТАЈ)

Новаковиќ 8, Маркоски 6, Кузманоски 2 – Илиев 12, Стојановски 4, Ѓоргиески 3

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР       28:20 (ИЗВЕШТАЈ)

Блажески 7, Кривокапиќ 4, Тот 4 – Талевски 6, Петровски 4, В. Димитровски 3

СРЕДА, 27 НОЕМВРИ

19:00ч

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 62

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Охрид 31 бод (342:273); 2. Металург 29 (369:283); 3. Бутел Скопје 28 (332:285); 4. Пролет 23 (337:286); 5. Радовиш 19 (358:352); 6. Вардар јуниор 15 (327:361); 7. Пелистер 11 (303:3168); 8. Металург II 7 (343:412); 8. Работнички 4 (353:414); 10. Струга 4 (275:357).