Супер засилување за Рајн Некар од Кил

Тимот на Рајн Некар и покрај кризата со коронавирусот се одлучи да плати обесштетување 23-годишниот Швеѓанец од Кил, Лукас Нилсон.

Зголемената конкуренција во Кил во бековската линија е причина за Нилсон да посака да си замине, па искористи шанса да го направи тоа во редовите на Рајн Некар каде ќе има многу повеќе можност за играње.

„Со нетрпение ги очекувам натпреварите во дресот на Рајн Некар. Станав играч на една од најдобрите екипи во Бундес лигата. Се работи за состав кој има големи амбиции за следните неколку сезони. Сакам да им помогнам на ‘лавовите’ во обидот да го достигнат она што е потребно“, изјави Нилсон.

Со ова Рајн Некар доби квалитет во нападот, па ќе биде доста интересно во новата сезона во Бундес лигата.