Супер Барбара – чисти, пере, готви и тренира!

Искусната словенечка репрезентативка Барбара Лазовиќ периодот додека владее корона вирусот низ светот го поминува со својот сопруг Вук Лазовиќ во Подгорица. Лазовиќ од оваа сезона ги брани боите на црногорската екипа Будуќност.

Сопругот на Лазовиќ е исто така ракометар, тој порано играше за Слован и Вардар, а сега настапува во Кореја за екипата на Хокс.

„Чистам, перам, готвам и тренирам. Вук направи импровизиран фитнес на терасат. Синот Лук е зафатен со училиште секој ден до три попладне. Деновите минуваат но никој не знае кога ќе заврши ова. Најважно е дека сме безбедни и во овој момент треба да бидеме подготвени“, рече Лазовиќ која истакна дека уште е во добра кондиција.

Сопружниците за словенечкиот „ШД Спорт“ потврдија дека не се заразени со корона вирусот, ниту пак некој од нивното семејство е заразен.

„Имаме среќа да бидеме заедно. Не можам да замислам како им е на тие што се далеку од нивната земја. Имав среќа и се мина како што планирав. Сите треба дагледаме позитивно на работава и што помалку да мислиме на негаивни работи. Потоа можеме да се фокусираме на она што е најважно“, коментираше Вук Лазовиќ.